Прес-конференција на СДСМ,Стефан Васев од СДСМ
Почитувани,
Изминаа три дена откако се сруши големата лага на Христијан Мицкоски дека има 61 пратеник за недоверба на Владата и за ново парламентарно мнозинство.
Заради пуста желба за власт, докажаниот губитник Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се против НАТО и ЕУ, кои се против Охридскиот рамковен договор, против концептот Едно општество за сите.
Целата јавност виде дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто, дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ.
Три дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажат дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори.
Наместо да бара брзи предвремени избори губитникот Мицкоски да даде оставка за тоа што ја лажеше јавноста, да даде оставка затоа што повторно се поразени неговите обиди да ја врати државата назад.
Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават, политичари кои работат на штета на интересите на граѓаните и државата.
СДСМ, граѓаните и сите демократски сили нема да дозволат државата да биде препуштена на несериозни, неодгворни, недораснати и опасни политичари каков што е и Мицкоски, послушникот на Никола Груевски.
СДСМ, граѓаните и сите демократски сили продолжуваат да работат на реформите важни за напредокот на државата и одново ќе ги поразат деструкциите и блокадите на нечесниот и неодговорен Мицкоски.