Изјава за медиуми на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, претседателка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Законодавниот дом е храм на демократијата и израз на слободната волја на граѓаните.
Затоа, по признанието на високи партиски функционери во судскиот случај „Титаник“ треба да следуваат оставки на сите актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од раководството на оваа партија во тоа време.
Има пратеници од актуелниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ директно поврзани со тоа време и тоа раководство.
Александар Николовски, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Игор Јанушев се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, блиски соработници на Никола Груевски во време кога се кршеле законите, се злоупотребувале парите на граѓаните, се вршело поткуп при гласање и други изборни нерегуларности.
По признанијата на нивните сопартијци, овие пратеници треба да се повлечат од политиката и да преземат морална одговорност.
Прво, заради достоинството на функцијата народен претставник.
Второ, за да не ја злоупотребуваат својата позиција и повторно да бидеме сведоци дека се блокира Собранието, само за да се спаси некој од одговорност.
Трето, да не се врши притисок врз независните судски органи.
Сите актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од тогашниот режим мора да се извинат пред граѓаните и да се повлечат.
Едно е јасно, во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата режимска партија водена од двоецот Мицкоски – Груевски.
Благодарам