Прес-конференција на СДСМ, Цветанка Лазарова, заменик претседателка на Форум на Пензионери на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани пензионери,
Постигнат е договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери. Исклучително важно во време на продлабочена енергетска криза.
Усвоена е нова методологија за континуиран раст на пензиите, за достоинствен живот на пензионерите.
Според швајцарски модел усогласувањето на пензиите ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50%, и за растот на просечна плата, исто така во висина од 50%.
Со оваа нова методологија, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември, секој месец ќе имаат покачување од просечно 900 денари на својата пензија.
Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.
Годишно, тоа се 12.000 денари плус пари во домашниот буџет на еден пензионер.
Покрај новата методологија за континуран раст на пензиите, владата обезбедува пакет финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари, во месеците април, мај и јуни.
Овие дополнителни 3.000 денари за 330.000 пензионери се добредојдени во овој период на енергетска криза.
Почитувани пензионери, СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето за ова најголемо зголемување на пензиите дадено при неговиот избор за премиер.
Покрај растот на платите, растат и пензиите, овозможуваме повеќе пари кај нашите највозрасни сограѓани и го унапредуваме нивниот животен стандард.
Се грижиме за пензионерите, да имаат спокоен и достоинствен живот.
Благодарам