fbpx

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го признаат рекордниот раст на пензиите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на незнањето на Христијан Мицкоски

Се случува најголемо во историјата покачување на пензиите и тоа во време на СДСМ и Димитар Ковачевски. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да го признаат тоа.

Христијан Мицкоски или ги помешал лончињата или толку слабо му е знаењето.

За какво враќање на модел зборува Мицкоски кога во време на ВМРО-ДПМНЕ просечната пензија беше 13.954 денари а немаше никаква криза?

Додека беше криминална власт а Христијан Мицкоски дел од партиското раководство, ВМРО-ДПМНЕ не ги зголемуваше пензиите според законското усогласување, туку тоа го правеше еднократно само пред избори.

За разлика од тоа време кога немаше енергетска криза, сега со СДСМ пензиите растат два пати во годината, а просечната пензија за 4 и пол години е зголемена за над 2.000 денари.

Од 13.954 денари колку што била просечната пензија во декември 2017 година, на 16.300 колку што денес изнесува просечната пензија. Со истириското зголемивање, во просек по 900 денари, просечната пензија ќе биде 17.200 денари. Тое се фактите, со СДСМ над 3.000 денари повеќе за пензионерите од времето на ВМРО – ДПМНЕ.

Покрај новата методологија за историски раст на пензиите, владата предводена од СДСМ обезбедува пакет финансиска помош за секој пензионер од по 3.000 денари.

Тоа е пример за вистинска грижа за пензионерите.

Мицкоски следниот пат добро е прво да се информира па потоа да коментира.

Последни вести