fbpx

Антикризните мерки даваат резултат, пониски цени на горивата и храната

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Костадин Ацевски, член на Извршен одбор на СДСМ

Почитувани граѓани,

Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ даваат конкретен резултат.

Намалени се цените на горивата како резултат на мерката за намалување на ДДВ и акцизата.

Во време на најголема економска и енергетска криза 26-те антиктризни мерки, вредни 400 милиони евра директно го штитат стандардот на граѓаните и економијата.

Мерката за намалување на маржите во комбинација со мерката за намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи на 0% исто така веќе дава резултат.

Цените на основните прехрамбени производи остануваат стабилни, ги штитиме граѓаните од ценовен шок на основната храна. Со овие мерки се опфатени лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот.

Во услови на огромна криза Владата го прави она што треба да се направи и ефектите веднаш се чувствуваат.

Донесовме мерки во вредност од 400 милиони евра за да ги амортизираме притисоците врз стандардот на граѓаните и економијата. Наш единствен приоритет е да го заштиме стандардот на граѓаните.

Во пакетот мерки вредни 400 милиони евра има и мерки за поддршка на ликвидноста на компаниите и стопанството.

Владата продолжува со субвенционирање на граѓаните за електрична енергија. Ќе потсетам само дека доколку не беа овие субвенции струјата би била 80% поскапа.

Ранливите граѓани ги поддржуваме за сметките за струја и купување основни производи за што обезбедивме ваучери од 3.000 денари.

Ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, воведовме финансиска помош од 3.000 денари за пензионерите и историски најмногу ги зголемивме пензиите.

Со овие политики на СДСМ во време на криза директно се влијае на подобрување на финансиската состојба на 320 илјади пензионери и над 80.000 работници.

Знаеме сите дека нема да биде лесно, сето ова е последица од инвазијата врз Украина, но со вистински политики, со одговорност, со посветеност ќе ја пребродиме и оваа криза.

Очекуваме сите чинители во државата да покажат одговорност, да се солидаризираат и заеднички да придонесат да ја пребродиме оваа глобална криза со најмали штети.

Благодарам

Последни вести