fbpx

Антикризниот пакет дава видливи резултати, цените на основната храна се стабилни, горивата поевтинуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Приоритет на Владата предводена од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството.

Антикризниот пакет од 26 мерки, веднаш почна да дава видливи резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани.

Со укинување на данокот за додадена вредност, цените на основните производи остануваат стабилни.

ДДВ од 0 отсто има за леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5% бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца.

Додека цените на горивата насекаде низ регионот растат, кај нас се намалуваат.

Благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, нашите граѓани точат нафтени деривати по најниски цени во регионот.

Од полноќ цените на бензините дополнително се намалија за два денари по литар, а цената на дизелот се намали за три денари.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза го заштитуваме животниот стандард, не само со одржување на стабилност на цените, туку и со помош и поддршка за граѓаните.

Обезбедуваме субвенции односно ваучери од 1.000 денари месечно, за период од три месеци, за најранливите категории на граѓани за основни производи за исхрана.

Финансиска поддршка по 1.000 денари во следните три месеци ќе добијат и над 330.000 пензионери, пред историски највиското зголемување на пензиите, кои од септември во просек ќе бидат поголеми за околу 900 денари.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат економската стабилност.

Последни вести