fbpx

Заштеда на 200 милиони евра, храна, поголеми плати и пензии со ребалансот, тоа се одговорни политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Заштеда на 200 милиони евра непродуктивни трошоци, обезбедување храна за наредната година, поголеми плати и пензии, поддршка на граѓаните и компаниите и заштита на стандардот со нови мерки, се одговорни и вистински политики кои се рефлектирани преку ребалансот на Буџетот.

СДСМ и владата којашто ја предводи со навремени и добро осмислени мерки, добро менаџираат со последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа.

Го штитиме стандардот на граѓаните и компаниите, ги зголемуваме платите и пензиите, обезбедуваме ликвидност на буџетот, спроведуваме енергетска траснформација, инвестираме во земјоделството и ги зголемуваме површините за да има доволно храна наредната година.

Со СДСМ во време на криза просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, растст платите во сите сектори, следува рекорден раст на пензиите и нова методологија за постојан раст.

Има голема разлика, СДСМ се грижи за граѓаните а ВМРО-ДПМНЕ опструира и блокира.

За партија како ВМРО-ДПМНЕ којашто мисли дека блокади и деструкции во време на криза се некаква идеја во политиката не може да се очекува ништо друго, очигледно толку е капацитетот.

Последни вести