fbpx

Поткопани се државните позиции во однос на Бугарија од страна на Христијан Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Поткопани се државните позиции на Република Северна Македонија од страна на Христијан Мицкоски.

На Конгрес на Европската народна партија каде што учествувал и Христијан Мицкоски усвена е Резолуција која во еден дел го поткрепува ставот на Бугарија.

Иако повикува на почеток на преговори во Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Мицкоски кој присустваше на Конгресот на којшто е усвоен овој документ воопшто не реагирал за овој дел од Резолуцијата со ставои на Бугарија.

Ако не реагирал, значи се согласува со напишаното. Прашање е дали гласал Мицкоски за Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија?

Наместо да ги брани државните позиции утврдени и со Резолуција во македонското Собрание, Христијан Мицкоски ги поткопа во клучни моменти.

Додека дома блокира се што е во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски надвор ги поткопува државните позиции.

Го повикуваме лажниот патриот Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори зошто ова и го прави на сопствената земја, на сопствениот народ?

За волку важно прашње, ваков недржавнички чекор презема само очаен човек.

Република Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговорите со ЕУ а нивното незапочнување е само поради блокадите на Република Бугарија.
Тоа е факт признаен и потврден од сите, дури и со одлука на Европскиот совет е потврдено дека ги имаме исполнето сите услови за почеток на преговорите.

Ова е срамен, неодговорен однос на Мицкоски кон сопствената држава и наместо да молчи Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да објасни зошто.

 

Последни вести