Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев учествува на годинешниот Глобален совет, конференција на IUSY (Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци), којашто оваа година се одржува во Тирана, соседна Албанија.
Богоев се осврна на актуелните случувања во Европа и во регионот, низ призма на земја кандидат за членство која ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговорите, како што е Република Северна Македонија.
Економскиот раст, перспективи за младите и запирање на екстремизмот се можни доколку Европската унија го отвори патот за земјите кандидатки за започнување на преговори за членство. Ги имаме исполнето сите критериуми и го заслжуваме тоа. Во контекст на воената агресијата врз Украина, вредно е да се напомене дека интеграцијата денеска е и безбедносно порашање, за стабилност на целиот регион, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во обраќањето.
Во своето обраќање, Богоев нагласи дека сега е време за дејствување, а не за зборување.