Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Големата и значајна одлука на германскиот Бундестаг за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност, потврди неколку разлики.
1.Од една страна, Резолуцијата на Бундестагот потврди дека вистинските државнички политики на СДСМ и Ковачевски даваат резултат.
Благодарение на овие државнички политики на СДСМ имаме силна меѓународна поддршка за членството во ЕУ и признаен македонски јазик, идентитет, посебност и култура.
Лагите на ДПМНЕ и Левица за наводна бугаризација, асимилација, дека ќе сме го изгубеле идентитетот и што ли уште не повторно се потопени.
2. Од друга страна пак уште еднаш го покажа вистинското лице на Мицкоски и ДПМНЕ и нивната неспособност.
Освен хистеријата и блокадите, Мицкоски и ДПМНЕ немаат ништо, буквално ништо направено ниту за државата, ниту за македонскиот иденитет.
Мицкоски е единствениот кој не лобирал за Резолуцијата во германскиот Бундестаг.
Тој не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ.
Тоа е истиот Мицкоски кој јавно зборува дека е можно да се смени преговарачката рамка, кој вели дека може да издејствува подобар договор.
Ете колку може. Мицкоски не може да убеди сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот идентитет во германскиот Бундестаг а не нешто повеќе.
Оттука, Мицкоски има ретка шанса да направи нешто добро и корисно за државата и за сите граѓани.
Откако прифати уставни измени Мицкоски треба да одреди тим за да продолжат разговорите и заедно да ја донесеме одлуката за продолжување на европскиот пат.
Мицкоски има избор, дали ќе одбере да не прави ништо како и досега или сепак ќе направи дражвнички чекор.
Мицкоски е на потег.