Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани,
Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години!
„Mоже да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“,
Ова признание на Мицкоски пред целата јавност, во интервју за 360 степени е само уште една потврда на се што говориме.
ДПМНЕ одработува за туѓи центри и слугува на странски интереси кои не и мислат добро на земјава.
Пропуштивме историска шанса во 2008 ма година за членство во НАТО и изгубивме 12 години поради ДПМНЕ.
Не смееме и нема да дозволиме сега од истата деструктивна партија ДПМНЕ да загубиме нови 12 години за членство во ЕУ.
Граѓаните немаат нови години за губење.
Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.
Блокадите на ДПМНЕ и Левица на европскиот пат се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.
Два политички блока имаме во земјава, два концепти, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица.
Изборите ќе бидат референдум за европската иднина на земјата.
Глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори е глас членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина.