fbpx

Ковачевски од Битола: Повеќе за сите е нашата посветеност за подобар живот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повеќе за сите не е само слоган, не е само политика, економски мерки, бројки, повеќе за сите е целата наша посветеност за подобар живот на граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Битола.

Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, потенцираше Ковачевски пред битолчани коишто во голем број ја следеа трибината на СДСМ.

-Силна финансиска поддршка за ученици, студенти, млади, пензионери, ранливи, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци, компании. 120.000 млади лица поддржуваме со овие мерки, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Тоа е повеќе за сите. Повеќе добиваат граѓаните, работниците, пензионерите, повеќе добиваат наставниците, професорите, лекарите, негувателките, повеќе има за младите, земјоделците, ранливите, фирмите. За сите! Ние знаеме дека секој поединец заслужува повеќе. Не само да добива повеќе, туку и да напредува, да биде спокоен за иднината негова и на генерациите што доаѓаат, рече Ковачевски.

Дури и во време на светска и економска криза, се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам.

-Не дозволивме да нема струја, парно, храна, гориво. Не дозволивме економијата да застане. И во такви тешки услови, обезбедивме економски раст, ја зауздавме инфлацијата и силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Битола.

Последни вести