Изјава за медиуми, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани,
Скандалот во кој обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепаше полицаец, отвори многу прашања.
Освен што со тепањето го покажа вистинското, криминално лице на ВМРО-МВРО, јавноста треба да знае зошто обезбедувањето на Мицкоски седи пред вратите на кафе бар навечер?
МВР и техничкиот министер за внатрешни работи од ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да одговори:
Која била улогата на обезбедувањето на Мицкоски?
Дали неговата задача била да спречи акција против дилери на дрога?
Дали тие дилери на дрога се поврзани со Христијан Мицкоски и ДПМНЕ и на кој начин?
Граѓаните ги очекуваат одговорите.
Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.
Овој скандал кој води директно со белата палата мора да биде расчистен целосно.