fbpx

МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО.

Едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа. Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ.

Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?

А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.

Овој скандал мора да биде расчистен целосно.

Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

Последни вести