fbpx

Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Милена Стевановиќ, членка на ИО на СДСМ и кандидат за пратеник во ИЕ 1

Почитувани граѓани,

Поминаа 2 недели од изборната кампања, а граѓаните видоа дека Силјановска нема план, а нема ниту свој став, таа е продолжена рака на Христијан Мицкоски.

Тој и ја води кампањата, тој одлучува.

Од друга страна, се покажа дека Стево Пендаровски е човек со интегритет, државнички став, план и визија за европска иднина на земјата.

Човек без ниту една дамка за време на неговиот мандат и без ниту една грешна одлука.

Јасно е,

Глас за Стево Пендаровски и СДСМ е глас за сигурна, европска иднина.

Глас за Силјановска и ДПМНЕ е глас за враќање назад во изолација и неизвесност.

На Македонија не и треба реприза на Иванов, претседател – партиски послушник кој наместо гласот на народот ќе ја слуша само Белата палата.

На Македонија и на граѓаните им треба вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.

Граѓаните сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

Не ни треба враќање назад во изолација и незивесност туку напредок и членство во ЕУ.

Последни вести