Соопштение за јавност
Специјализантите остануваат во фокус на СДСМ и во следниот мандат што ќе го добиеме бидејќи граѓаните ја препознаваат нашата посветеност за системско решавање на клучните прашања за здравствениот систем.
Наша цел ќе биде зајакнување на главниот столб на кој се темели иднината на македонското здравство, а тоа е задржување на младите лекари и специјалисти во земјава. Тоа ќе го постигнеме преку зголемување на платите за специјализантите и преку создавање на повеќе специјалисти што ќе останат во македонското здравство.
Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари.
Исто така, нашата цел е да создадеме 1.000 нови специјализанти за четири години.
Покрај тоа, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација и ја укинуваме партиципацијата за студирање. СДСМ и во минатото докажа дека работи на приближување на системот на здравствена заштита во земјава до здравството во земјите членки на ЕУ.
За потсетување, во изминатиот период, одобривме рекордни 931 специјализација и 130 супспецијализации.
СДСМ ќе продолжи да вложува и во другиот медицински кадар.
Планираме драстично зголемување на платите на медицинскиот персонал. Докторите специјалисти ќе имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари.
Политиката на СДСМ е јасна и конзистентна. Во изминатите години рекордно ги зголемивме платите во здравството. Основната плата на специјалистите ја зголемивме за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри на клиниките помеѓу 20% и 23%, а на здравствените соработници за 15%. Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници и за првпат обезбедивме исплата на плати за приватните специјализанти во висина од просечната плата на општ лекар.