fbpx

Мадиќ: СДСМ целосно е подготвен за фер и демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ целосно е подготвен за демократски внатрепартиски избори за претседател на партијата кои ќе се одржат во недела.
Централната изборна комисија во изминатиот период напорно работеше за да може да спроведе легитимен, транспаретен и демократски процес. Пред се на регистрација на членовите кои ќе се најдат на избирачкиот список, како и промоција на програмите на кандидатите пред членовите.
Го следевте сите 4 кандидати, им беше обезбедено да може да се промовираат во 8 региони.
Централната изборна комисија по продолжување на рокот за активна регистрација, по барање на општинските организации, на 23ти го затвори избирачкиот список. Добивме приговори од одредени општински организации, дел од нив беа прифатени, дел не беа, зависно од одредбите на Статутот, Правилниците и одлуките донесени од Централниот одбор.
Може да соопштиме дека избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ и ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места.

Линк до видео од изјавата на Викторија Мадиќ, претседателка на Централната изборна комисија:

Линк до видео од одговорите на новинарски прашања:

Последни вести