fbpx

СДСМ организира директни внатрепартиски избори, членовите бираат претседател

Facebook
Twitter
LinkedIn

Утре, 30.06.2021 година, недела, СДСМ организира вонредни внатрепартиски избори, членовите бираат Претседател на партијата.

Избирачкиот список брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ кои ќе може да го остварат своето право и да гласаат на 77 избирачки места ширум републиката.

Како врв на внатрепартиската демократија и како настан којшто во нашата земја е одлика само за СДСМ, го покануваме вашиот медиум да го проследи процесот на гласање на избирачките места како и објавата на резултатите.

Избирачките одбори и Општинските изборни комисии ќе им обезбедат непречена работа на медиумите и медиумските работници кои сакаат да проследат гласањето на избирачките места. Секако со почитување на неколку основни правила, за изборниот процес да тече нормално и непречено, согласно утврдените критериуми и стандарди.

Медиумите или нивни претставници ќе треба да покажат медиумска, прес картичка, со којашто ќе потврдат дека станува збор за лица вработени или ангажирани од одреден медиум.

На избирачките места ќе може да се снима или фотографира, водејќи грижа за заштита на личните податоци на гласачите (наведни во Избирачкиот список), почитувајќи ја тајноста на гласањето.

Во прилог испраќаме и информации (адреса, локација) за дел од избирачките места, кои се лесно достапни за медиумите:

Кисела Вода – простории на Општинска организација (Петар Дељан бр. 17, барака 10)

Центар – простории на Општинска организација (ул. Ѓуро Салај)

Аеродром – простории на Општинска организација (булевар “Јане Сандански” бр.7 лок.12, ТЦ Три Бисери, Скопје)

Велес – простории на Општинска организација (улица „8-ми Септември бр. 41“)

Куманово – простории на Општинска организација (поранешен Комитет, улица Илинденска ББ)

Битола – простории на општинска организација (ул. Пеце Матически бр 21)

Струмица – простории на Општинска организација (улица Ленинова)

Сите избирачки местa, со локација и адреса се објавени на официјалната интернет страница на СДСМ (www.sdsm.org.mk) .

Доколку постои интерес кај медиумите за дополнителни информации за останатите избирачки места како и за други информации на располагање е портпаролите на СДСМ, како и лицата од Центарот за комуникации на СДСМ.

За времето на соопштување на првичните резултати од гласањето, како и за излезноста, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден. Планирани се изјави во текот на денот со информации за текот на изборниот процес како и за изборниот резултат.

Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, Општински изборни комисии и Одбори во сите општински ораганизации на 77 Избирачки места.

Сите информации поврзани со изборниот процес за директни внатрепартиски избори се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ или директно преку следниот линк:

Вонредни внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ​

Центарот за комуникации на СДСМ стои на располагање за дополнителни информации доколку имате потреба.

Последни вести