Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник во Собранието , Венко Филипче, на денешата прес конференција во одговор на новинарско прашање го осуди политичкото дискредитирање на било кој од членовите на македонската историска комисија.
“Сметам дека таа комисија има јасна задача, а тоа е да утврди заедничко толкување на историски факти. Тука за политика воопшто нема место. Дополнително со дискредитација и со обиди за политичка дискредитација ние ја поткопуваме суштината на целокупниот процес и тие политичари што тоа го прават ја дискредитираат експертизата на тие членови коишто работат таму, професионалци од тие области”, изјави Филипче.
Во одговорот Филипче потенцираше дека политиката и политичарите треба да помогнат со тоа што ќе иницираат дополнителен модел, може и странски експерти, по примерот на некои европски држави, кои на тој начин решавале вакви проблеми.
“Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти не е лоша работа. Дефинитивно ќе влијаат на елиминирање на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле. Така што го осудувам политичкото дискредитирање и политизацијата на историската комисија”, изјави претседателот на СДСМ, Флипиче.