fbpx

СДСМ: За скандалот со паркингот на Клинички мора да има истрага за корупција и одговорност!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Мартин Костовски – организациски секретар

СДСМ: За скандалот со паркингот на Клинички мора да има истрага за корупција и одговорност!

Почитувани,

Излегоа на виделина јасни докази за скандалозната зделка за паркингот на Клнинички центар.

Ова се документите од огласот за тендерот којшто го објавил Министерството за здравство.

Се потврдува дека Министерството за здравство и министерот Арбен Таравари уште од самиот почеток за оваа зделка за „Ѓока Констракшн“, се откажале од 99% од приходите и ги оставиле на приватната компанија.

Значи за приватна компанија 99% од приходите, а за државата само мизерен 1%!

Или во бројки. За годишен приход од 3,5 милиони евра од паркингот на Клнички центар, за државата би биле само 35.000 евра а за приватна компанија 3.465.000 девра.
Е затоа овој скандал е огромен.

Документите кои ги криеше Таравари го потврдуваат она во што се соменваше СДСМ.

Самото Министерство за здравство поставило услов концесионерот да плаќа само 1% од приходите на државата!

Таравари и Мицкоски свесно решиле паркингот да го предадат на приватна фирма, оставајќи ја државата без приход, додека пациентите ќе плаќаат речиси двојно поскапо паркирање!

Ова е јасен доказ дека целата постапка е сомнителна и дека некој од власта дебело профитира од оваа зделка на грбот на граѓаните!

Но тоа не е сè. Од докуметните во оглаот се гледа дека еден од условите за учество на тендерот бил компанијата да има изградено мостови!

Каква врска има изградбата на мост со поставување монтажни гаражи во Клиничкиот центар?!

Ова е основен сомнеж дека тендерот бил специјално скроен за „Ѓока Констракшн“, компанијата што го има изградено мостот „Ваша“ во Албанија.

Со овој сомнителен услов, Владата оневозможила реална конкуренција и обезбедила однапред познат победник.

Сега откако се фатени живи и скандалот изби во јавноста од Владата најавуваат дека немало да го потпишат договорот.

Не е доволно сега само да не се потпише договорот. Мора да има истрага за корупција и одговорност.

Мора да постапат и ДКСК и Јавното обвинителство. Ова е скандал без преседан, вакво распродавање на државниот имот на штета на граѓаните ипострашно, на пациентите не е запаметено.


Последни вести