Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
СДСМ: Скандалозна одлука за Христовски – Обвинителството како партиски инстриумент на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Почитувани,
Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ.
Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е контрадикторна со веќе завршени постапки со судска разрешница.
Зошто Обвинителството не побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?
Зошто не е постапено исто како со двете директорки на училишта и директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени токму за користење лажни ТОЕФЛ сертификати од истото место како Христовски?
Има судски пресуди за кои одговорите се обезбедени директно од ETS и тоа за само неколку денови. Сега, кога станува збор за партискиот кадар на ВМРО-ДПМНЕ, оваа постапка е игнорирана.
Шест месеци Обвинителството чека одговор од Бугарија, при што признава дека тој одговор е нецелосен. И врз база на нецелосен одговор како се носи одлука?
При тоа целосно се игнорираат и јавно достапните истражувања, документи, снимки и изјави кои јасно укажуваат на тоа дека ова јазично студиот не издава ТЕОФЛ сертификати.
Дополнително, има и други отворени контрадикторности: Христовски тврди дека полагал во Пловдив, а Обвинителството вели дека полагал од дома. И сè тоа треба да веруваме дека е во ред?
Или ако си кадар на ВМРО-ДПМНЕ се може?
Ова е селективна правда, ова е политичка одбрана за спас на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.
Се потврдува дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда.