fbpx

Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Дали декларацијата во ЕП е доволна гаранција за Мицкоски и за откочување на евроинтегративниот процес?

На сопствена иницијатива претседателот на СДСМ Венко Филипче, разговарал со секретарот на ПЕС за Македонија да добие поддршка од ПЕС во Европскиот Парламент, објави денеска во изјава за медиуми, а во врска со повикот на премиерот Мицкоски за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент.

„Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чије семејство ние припаѓаме – господинот Џакомо Филибек, во однос на координации. Денес ги продолжуваме разговорите, да видиме кои се тие конкретни чекори коишто треба да ги направиме, да разговараме со европратениците кои припаѓаат во нашето семејство на демократи и социјалисти“, рече Филипче.

При тоа, Филипче го отвори прашањето дали оваа декларација ќе биде доволна гаранција за владата за да го откочи евроинтеграцискиот процес.

„Што е целта на оваа декларација и дали конечно доколку биде е прифатена тоа ќе биде нешто што за премиерот ќе биде доволна форма на гаранција за да се започне процесот на уставните измени? Поради тоа што се има впечаток дека владата секогаш има некакви принципи и црвени линии, меѓутоа, ако тие не важат, имаат и други. На почетокот беше одолженото дејство на уставните измени, понатамубеа пресудите во Стразбур, еве сега – декларација во Европскиот парламент. Значи, клучното прашање е што е тоа што е доволно?“, рече Филипче.

Во изјвата за медиуми, Филипче посочи дека во мандатот на владите на СДСМ се донесоа храбри и државнички одлуки со кои се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ.

„Ние, како влада, сосема доволно направивме за да се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Доказ за тоа е што македонскиот јазик е официјално прифатен во Европската Унија, без никакви ѕвездички или фусноти. Веќе има потпишан прв официјален договор на чист македонски јазик – договорот за Фронтекс. Но, еве, ќе бидеме апсолутно конструктивни, затоа што сметам дека тоа е и добро и правилно, поради тоа што треба конечно да го откочиме овој блокиран процес“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести