Соопштение за јавност
Филипче од Центар: СДСМ секогаш се бореше и ќе се бори Македонија да биде дом за сите
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Центар објасни зошто е силен слоганот „Се бориме за нашиот дом“, затоа што тоа е борба за секој работник, во секоја институционална сфера, во секоја област во општеството, за секој еден граѓанин во државата.
„Секоја политика, секоја мерка, секој ризик и храбар потег што го преземавме беше со една цел, да обезбедиме подобри услови за живот за нас и нашите деца. Се боревме и ќе се бориме за дом во кој секој ќе има свое место, дом во кој сечиј труд ќе биде вреднуван, а секоја капка пот да биде платена. Дом во кој секој човек ќе живее со достоинство. Но се бориме и за дом во кој власта ги слуша граѓаните, во кој власта е отчетна и одговорна. Дом во кој демократијата, правдата и солидарноста се светост и со нив не се прават компромиси“, објасни Филипче.
Тој пред центарци ги истакна социјалдемократките вредности и дека тоа не значи само да се биде дел од партијата туку да се верува дека државата е алатка за подобрување на животот на сите, а парите на граѓаните да се вложат токму во нив. Да се верува дека политиката мора да работи за народот, а не против него.