Филипче: Владата ги разочара граѓаните, да го вратиме напредокот и правилните политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Владата ги разочара граѓаните, да го вратиме напредокот и правилните политики

„Државата е под закана, ВМРО-ДПМНЕ, ја турка во повторна изолација, назадување, узурпација и режим, вашата сила и вашиот глас значат повеќе од кога било“, рече вечерва од граѓанската трибина Центар претседателот на СДСМ Венко Филипче.

„Ова не се обични локални избори, ова е момент кога е потребен силен СДСМ, кој ќе биде силен противник на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, сега е време за борба за масовна мобилизација во Центар. Ве повикувам да излезете на улиците, да чукнете на секоја врата, да се јавите кај секој човек и да ја пренесете пораката: СДСМ е тука за вас. Тука сме да слушнеме, тука сме да помогнеме, тука сме да извлечеме поуки, да се дигнеме и да се спротиставиме на оваа ненародна власт. Да им кажете дека работата е тргната во погрешна насока тоа веќе сите го чувствуваат и да им ветите дека во нас имаат сојузник и партнер кој нема да ги разочара. Без вас нема СДСМ. Без вас нема иднина на правдата. Нема иднина на еднаквоста, на грижата за секој човек“, рече Филипче.

Тој до граѓаните испрати порака дека на 19 октомври СДСМ се ќе бори за „нашиот дом, за нашата куќа“, за секое маало но се бори и за демократија, за граѓанска држава, за институции кои служат и кои слушаат, за власт која е во служба на граѓаните и никако поинаку.

„На 19 да излеземе масовно и да славиме голема победа во Центар!“, рече Филипче.