fbpx

Средба на претседателот Заев со Шефицата на Мисијата на ОБСЕ, Нина Суомалаинен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На средбата се разговараше за актуелната политика ситуација и за можните излезни решенија за длабоката политичка криза преку фер и регуларни избори.

– Клучно е исполнувањето на условите за фер избори, преку прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите како минимални критериуми. Во рамки на договорените принципи во Пржино за владеење на правото и влада за организација на фер избори потребна е Влада, дефинирана во Договорот, којашто ќе може да обезбеди фер, кредибилни и регуларни избори. Со политичка волја ова е практично и брзо изводливо, со што изборите би можеледа се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и кредибилна Влада со полн легитимитет. Влада избрана на веродостојни избори каде што секој граѓанин слободно ќе ја изрази својата волја, рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше и за потребата од целосна независност на институциите во функција на интересите на граѓаните. Борат против корупцијата и криминалот мора да биде обезбедена и сите граѓани да бидат еднакви пред законите. Во таа насока особено е значајна поддршката од сите политички партии на институцијата СЈО.

– СДСМ и граѓаните на Македонија бараат Уставниот суд час поскоро да се произнесе за уставноста на Законот за СЈО, со што ќе се овоможи оваа институција ефикасно да ја заврши својата работа. Само на тој начин повторно може да се воспостави владеење на правото и враќање на правниот поредок во Македонија, додаде Заев.

Претседателот Заев и Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Суомалаинен, заеднички констатираа дека мора да се обезбедат фер, кредибилни и регуларни избори каде што волјата на граѓанинот ќе биде испочитувана во целост.

 

 

Скопје, 20.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести