Фани Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Фани Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалник на Велес Маја Хеско и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес.

Во директен контакт со граѓаните Каранфилова Пановска зборуваше за приоритетите на програмата на СДСМ за развој на Велес.

„Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да создадеме град кој нуди можности за сите – за младите, за жените, за пензионерите, достоинствен живот за граѓаните на Велес,“ рече Каранфиловa Пановска.

Во делот за младите, програмата предвидува отворање младински иновациски лаборатории – простори за стартапи, ИТ-решенија и креативни проекти, како и програма за младинско вработување во партнерство со компании и институции, и бесплатни обуки за дигитални вештини, странски јазици и претприемништво.

Особен акцент е ставен и на жените и економското јакнење преку фонд за женско претприемништво, поддршка на креативни индустрии и обуки за добро платени сектори.

Во делот на социјалните политики, СДСМ во Велес планира субвенции за самохрани родители, бесплатен училиштен прибор и книги за деца од ранливи семејства, пристапност за лицата со попреченост и изградба на инклузивни детски игралишта.

Посебен дел од програмата е посветен на родовото буџетирање и еднаквоста, како и на поддршката за пензионерите со пренамена на „Вила Зора“ во современ Дом за стари лица, бесплатен јавен превоз за пензионерите и активности за трета доба.

„СДСМ се бори Велес, да стане модерен чист и зелен град, со силна економија што создава можности, за град што се грижи за секој човек. Затоа велиме – се бориме за нашиот дом,“ порача Каранфиловa Пановска и ги повика граѓаните својот глас на 19 октоврми да го дадат за бројот 5, за Маја Хеско за градоначланичка и советничката листа на СДСМ и Коалицијата предводена од Јованче Манасков.