Д-р Трајановски: Во општина Аеродром ќе формираме општинска медицинска помош, за транспорт и медицинска нега

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Во општина Аеродром ќе формираме општинска медицинска помош, за транспорт и медицинска нега

Почитувани граѓани,

Како лекар, но и како човек кој целиот свој живот го поминал во општина Аеродром, добро ја познавам една од најголемите слабости на нашата општина – недостигот од достапни и брзи медицински услуги.

Иако на нашата територија се наоѓаат Поликлиниката Јане Сандански и Ортопедската болница „Мајчин дом“, здравствената поддршка и понатаму не е доволна за потребите на над 75.000 жители.

Затоа, веднаш по изборите, како иден градоначалник ќе започнам со реализација на нов проект – оформување на Општинска медицинска служба (О.М.С. Аеродром), прва ваква служба во рамки на една општина во државата.

Нашата цел е јасна: Аеродром да стане општина каде што секој граѓанин ќе може да смета на сигурна, навремена и стручна медицинска помош кога тоа најмногу му е потребно.

Тим од обучени медицински лица и возачи ќе биде достапен 24 часа дневно и ке бидат сервис на граѓаните на општина Аеродром за транспорт и медицинска нега во соработка со постојните здравствени установи и институции.

Со оваа служба ќе создадеме систем кој помага на нашите грагани поради здравствени потешкотии не можат да стигнат до медицинска установа и со тоа ја подигнуваме здравствената заштита на едно повисоко ниво.

Верувам дека заедно ќе го направиме ова реалност – затоа што граѓаните на Аеродром заслужуваат современа, безбедна и грижлива општина.

Почитувани Аеродромци,

После 19 октомври – заедно ќе изградиме општина по мерка за секој човек.

Заедно со Вас ќе се избориме за нашиот дом!