fbpx

Во што дува оркестарот Богов – Ставрески?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дали токму гувернерот Богов потпалува шпекулации по провладините медиуми?

Токму послушникот на власта, гувернерот на Народната банка во истата изјава во која наводно ја анализира загриженоста на граѓаните за економската криза, соопштува дека има повлекувања на депозити од банките и зголемена побарувачка на девизи.

Дали Богов со ова го откри токму сценариото на власта – олигарсите блиски до власта да заработат милиони евра на грбот на штедачите и граѓаните?

Во прилог на ова оди и изјавата на вицепремиерот за економија, Зоран Ставрески кој исто како Богов во исто време гаси и пали.

Додека се правда за политиките на Светска банка кон Македонија, Ставрески признава дека Македонија ја турнаа во криза. Вели дека “и најјаката економија не може да издржи долгогодишна криза“.

Очигледно е дека соработниците на Никола Груевски, Ставрески и Богов дуваат на оган што всушност тие свесно го ложат.

СДСМ бара од гувернерот Богов да престане да и служи на власта, и бидејки стабилноста на банкарскиот сектор не смее да биде нарушена, веднаш да излезе со став за стабилноста на курсот на денарот.

Граѓаните знаат дека се во долгогодишна криза поради долгогодишната узурпаторска власт на Никола Груевски.

Затоа Македонија е на нозе!

Македонија повеќе не сака да го слуша оркестарот на Груевски.

Доаѓа одговорна Влада во слободна Македонија која ќе ја обезбеди стабилноста на сегашните и идните генерации.

 

Скопје, 27.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести