fbpx

Или Груевски или Македонија, изборот е Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

Никола Груевски се плаши од слободни, фер и демократски избори.

Во изминатите месеци, граѓаните на Македнија видоа и слушнаа зошто Никола Груевски и неговите сателити бегаат од фер и демократски избори, зошто го прекршуваат Договорот од Пржино, зошто нема реформи за слободни медиуми, зошто не е прочистен Избирачкиот список.

Бандата предводена од Никола Груевски е фатена во криминал.

Во страв од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата Никола Груевски прави се за да ја спаси сопствената кожа.

Само за спас на сопствената кожа Никола Груевски ја турка Македонија во уште поголема криза и меѓународна изолација.

Затоа Никола Груевски продолжува упорно да ги лаже граѓаните.

Измислените, лажни анкети нема да му помогнат на Никола Груевски.

Не може со лажни анкети да се сокрие вистината дека граѓаните сакаат слободни, фер и демократски избори.

Не може да се сокире вистината дека огромно мнозинство од граѓаните бараат слободни медиуми.

Лажни анкети не можат да ја сокријат вистината дека цела Македонија бара прочистен избирачки список.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорноста за криминалот, за стотиците милиони евра што ги украде од граѓаните, за фалсификувањето на нивната слободна волја.

Не може Груевски да ги лаже и да ги краде, а неговите криминални политики да сака да ги товари на грбот на граѓаните.

Никола Груевски ќе одговара затоа што им украде 10 години живот на граѓаните на Македонија.

Или Груевски или Македонија.

Изборот е Македонија!

Скопје, 08.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести