Соопштение за јавност
Кој е на власт две години, што правеле и зошто досега не ги провериле сите производители на марихуана, укажа претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Филипче нагласи дека обидите на власта преку контроли и јавни настапи да прикаже активност во секторот за производство на канабис, отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало изминатите две години, а наместо системска и навремена контрола, јавноста сведочи на реакции дури по појава на скандали.
„Се поставува прашањето, кој е на власт две години, што правеле досега, зошто досега не ги провериле сите тие производители на марихуана? Чија е одговорноста за проверката којашто сега се спроведува? Зошто чекале ваков скандал да биде иницијатива за да се направи проверка? Повторно е проблемот во власта која што не си ја вршела добро работата две години откако се на власт да ги контролира како што треба производителите“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека одговорноста не може да се префрла, туку мора јасно да се лоцира.
„Што правеле до сега, зошто не испитале? Зошто не констатирале? Зошто не нашле некој и не констатирале дека произведува нелегално? Како поминала дрогата преку граница? Како четири или пет шлепери со пет тона марихуана поминале преку граница? Тоа се прашањата“, рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче се осврна и на законската рамка, донесена уште во 2016 година во која е пропишана строга контрола на производство на канабис за медицинска употреба.
Линк до видео 1:
Линк до видео 2:

