Немаат срам, загинатите во модуларната болница ВМРО-ОКГ ги злоупотребува за црна кампања

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ нема одговор за тоа како 5 тони дрога поминале граница и кој ќе одговара.

Но затоа има 5 тони лажни вести, црни кампањи и јавен линч за дефокус од суштинските прашања кои водат до врвот на власта.

ВМРО-ОКГ прво го користеше докторот (д-р Жан), претставник на болница во која се лекуваат болни граѓани, за измислена афера, само за да го напаѓа претседателот Филипче.

Сега и 14-те загинати во несреќата во модуларната болница ги злоупотребува за своја црна кампања и дефокус од криминалот со дрогата од 5 тони.

Шокантно е колку немаат срам, човечност, па си поигруваат со чувствата на семејствата на настраданите.