Соопштение за јавност
Фатени во скандалот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во соседна Србија, ВМРО-ОКГ се обиде да се сокрие зад лаги.
Одлуката за назначување почесен конзул ја носи Владата на седница.
Не поминува префрлање вина, не поминува дефокус.
Бидејќи ВМРО-ОКГ вели дек Адамовиќ ги исполнувал условите да биде избран за почесен конзул треба да одговори кои се тие критериуми.
Дали е критериум за Македонија да се пишува дека „Српска Македонија“ била окупирана?
Или тоа што е висок функционер на СНС, нивната сестринска партија? Сестринската партија, очигледно, има многу такви функционери. Еден од нив, истакнат функционер и финансиер на СНС, беше уапсен во акција поврзана со 5 тони дрога што потекнува од Македонија.
Дали бројните афери со оружје, престрелки и напади со бомби со криминална позадина значат исполнување на критериумите?
Мицкоски мора да излезе и да одговори:
Како од толку угледни и докажани бизнисмени во Србија, Владата го избрала токму Адамовиќ – човек со криминално минато за почесен конзул на Македонија?



