Максо, знаеме дека е Ивона

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Се огласи Максим Димитриевски, Максо, „познатиот“ бизнисмен од дијаспората.

Овој претседател на квислиншка група, финансирана од страна на Мицкоски додека беа дел од СДСМ, денес е дел од организирана криминална група – тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ.

Што сакаше Максо да каже по повод неуспешниот случај со Артан Груби, дел од црната кампања на ВМРО-ОКГ, никој не разбира освен Ивона Талевска.

Се знае дека Максо нема капацитет сам да напише соопштение, па тоа му го пишува Ивона Талевска, позната по поврзаноста со анти-ЕУ Латас.

Неговата „умешност“ во пишување сите ја видовме по објавата на социјалните мрежи, кога сакаше нешто да каже за дружење со некакви американски пензионери и ветерани од Втората светска војна или од војната во Виетнам. Ниту тоа не беше јасно.

Човек кој беше на приватна турнеја во САД додека овде се одлучува за платите.

Додека работниците молат за зголемување на платите, Максо шета по Америка и Лас Вегас.

Веројатно посетил и некоја коцкарница, со оглед на тоа што овде е „добар“ во томбола. На едно од извлекувањата на броеви ја доби Пошта.

Човек кој вели дека не работи за плата.

Секако, тоа го знаеме. Го знаат и работниците во Пошта.

Точно е – не работи за плата. Тој работи за тендери.

Неговата т.н. прес-служба вели дека порано бил успешен во приватниот бизнис. Со увид во работењето на тие фирми се гледаат само големи загуби и многу мали приходи.

За Максо ЗНАЕМЕ ние од СДСМ одамна, а од скоро ЗНААТ и граѓаните.

Туку одговори.

Што договаравте со министерот на Вучиќ за одбрана, полиција и директор на БИА, Александар Вулин, добитник на орден од Руската федерална служба за безбедност, со претставници на Алта банка на состанок во твојата канцеларија?