Филипче: Јасно и гласно да ви кажам, кој прекршил закон нека одговара

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител кажа дека секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.

„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“, посочи Филипче.

Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче појасни дека по целиот театар на границата јасно е дека покрај урнисувањето на правниот систем граѓаните ја изгубиле довербата во институциите . Тој истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.

„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто каже дека ниту АНБ, ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? На кој сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“, нагласи Филипче.

Филипче додаде дека доколку постојат какви било информации или докази, тие треба да бидат изнесени јавно, но нагласи дека власта нема капацитет тоа да го спроведе со, како што рече, партизирано судство.
„Апсолутно, нека се открие сè што треба. Ама ова власт нема капацитет да го правите. Не се прави тоа со партизирано судство. Очигледно е дека и судството и обвинителството се целосно партизирани. Тоа се луѓе кои директно му одговараат на премиерот. Па кој има верба во такво судство?“, истакна Филипче.