Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на ВМРО
Нема зошто да прашуваме за Груби кога се знае сè, ние знаеме сè, граѓаните знаат сè.
Кога прашуваме за пет тони дрога – добиваме одговор Дубаи.
Кога прашуваме за авион – добиваме скокови во далечина.
Кога прашуваме за платите на работниците – добиваме Венеција.
Кога прашуваме за обвинителството – добиваме Сент Мориц.
Кога прашуваме за Орбан, енергетиката, 4ИГ, медиумската мрежа во сопственост – добиваме Харис Џиновиќ.
Кога прашуваме за часовници – добиваме Струмица.
Кога прашуваме за мигранти – добиваме Декрет за забрана на говор.
Единствено кога прашуваме за Душан Адамовиќ, почесниот конзул, и зошто Владата поставила човек со криминално досие – тогаш молк!
Тезите ви се исклучиво ад хоминем, де јуре се е во ред со Адамовиќ а де факто – молк.

