За ВМРО членството во НАТО е предавничка политика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години.

Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и на сите наши граѓани.

Денеска, во услови на безбедносни ризици гледаме колку е тоа значајно. Зад ашата безбедност, зад сигурноста на граѓаните на Македонија стои најмоќниот сојуз – НАТО.

И токму на денот на посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на Македонија, се покажаа вистинските лица.
ВМРО-ОКГ излезе со став дека членството во НАТО е „предавничка политика“ на СДСМ и дека тоа било „распродажба на државните интереси“.

Ја навредуваат Македонија, ја понижуват, ги навредуваат граѓаните.

Со оглед на врските на првиот вицепремиер Стоиљковиќ и Адамовиќ со Русија дали ова е и намерен потег, како што прават намерни провокации и навреди кон соседите?

Така изгледа „патриотизмот“ на ВМРО на дело.

Левица која станува контролирана опозиција, со транспарент против НАТО во македонското Собрание го пречека генералниот секретар.

Руте упати јасни пораки до македонската владата на Мицкоски и ВМРО дека кинеските пари кои преку Орбан ги земаат за кредити не се добредојдени.

Сега граѓаните имаат кристална слика.