Соопштение за јавност
Преземањето целосна контрола врз судството и обвинителството и поставувањето луѓе на Мицкоски ги дава резултатите.
Наместо неговото понижувачко, омаловажувачко и деградирачко третирање на жената, јавно, во поткаст, да биде санкционирано, Латас е ослободен.
Токму во период после трагичниот настан во Карпош како последица на семејно насилство и бројни институционални пропусти.
Драган Павловиќ Латас сега одработува за ВМРО-ОКГ и за СНС, води анти ЕУ кампања и работи против СДСМ.
Граѓаните знаат дека во 1999 година учествувал во подготовката на демонстрациите пред Американската амбасада, кои завршија со палење на објектот, исто така по налог на тогашната Српска служба.
Конзулот близок со Мицкоски, Душан Адамовиќ и најблискиот негов соработник во Владата, вицепремиерот Стоиљковиќ имаат врски со Русија.
Случајно?
Ништо не е случјано.




