Соопштение за јавност
За што да му се извиниме на нарко – кланот ВМРО-ОКГ?
Дали треба на ВМРО ОКГ да им се извиниме за терминологијата?
Мигранти – економски работници – азиланти. Исто е.
Законот за странци е донесен, олеснети се процедурите, престојот. Одлуката за нови 10.000 странски работници само во 2026 година е донесена од Владата.
За тоа ли да им се извиниме?
Народот сам гледа на улиците, а вработените кои добиваат откази гледаат дека за странците не важат истите правила. Затоа нема зголемување на минималната плата.
ВМРО-ОК и Мицкоски нека кажат кој од нивниот клан стои зад 5 тони дрога.
Зошто криминалецот Адамовиќ е назначен за почесен конзул?
Дали намерно сакаат Македонија да ја претстават како Венецуела, па почесен конзул ни е човек на кој му пукале во нозете?
Што е со Симе од албумот со слики на Мицкоски?
Повторуваме, на криминалци не се извинуваме!
Нема извинување, бараме да одговараат пред судот и законот.


