Соопштение за јавност
Антикорупцискиот тим на СДСМ секојдневно открива нови деловит од бизнис мрежата на Христијан Мицкоски во енергетиката.
Релациите со Душан Адамовиќ водат до Кипар и до офшор компанија поврзана со енергетскиот сектор. Преку Кипар се доаѓа до компанијата „Altaria Research Limited“, чиј краен сопственик е „Руднап груп“, холдинг компанија на српскиот енергетски магнат Војин Лазаревиќ.
Кој е поврзан со „Руднап груп“ во Владата на Мицкоски?
Тоа е министерката за енергетика, Сања Божиновска која Мицкоски лично ја постави.
Божиновска била извршен директор во „Руднап груп“ и одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот. Таа се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.
„Руднап“ е линкот што ги поврзува бизнис интересите во енергетиката со политичките структури –СНС во Србија и ВМРО во Македонија.
Оттука почнува да се одмотува енергетското клопче на фирми и релации, кое води до бизнис интересите.



