fbpx

Наумов во Чешиново-Облешево: Заедно со вас ќе се избориме за промените на фер избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во посета на граѓаните од населените места Чифлик,Чешиново и Облешево, денеска се претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов и претседателот на Комисијата за транспорт и врски Благојче Бочварски.

Наумов од с.Чифлик им порача на граѓаните дека без фер и демократски избори нивните проблеми не можат да бидат решени.

Граѓаните споделија дека ги гледаат манипулациите на медиумите под контрола на власта во заминување коишто ги шират лагите на Груевски, за наводни вработувања и инвестиции додека од секоја куќа во нивното село некој млад човек си заминува во странство по работа и корка леб.

“Европската Унија и САД јасно порачаа дека услови за фер и демократски избори на 24-ти април нема. Груевски е тој што нема храброст да се соочи со вистината, бидејќи тој директно ги загрози условите за фер и демократски избори на 24-ти април. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски од самиот почеток го кочеа процесот на целосно спроведување на Договорот.“ рече Наумов во разговорите со граѓаните од с. Чифлик кои се интересираа за новонастаната политичка ситуација.

Пред насобраните граѓани Наумов рече дека уплашениот Груевски се крие од вистината, а цела меѓународна заедница разбра дека на Македонија и е неопходна помош за да има минимум услови за нормално функционирање.

„Со избирачки список полн со фантомски гласачи и криминални медиуми платени со 20 милиони евра, пари на граѓаните, не може да се организираат фер, демократски и слободни избори. Инсистирањето на 24-ти април е само очаен потег на Груевски. Нема да му дозволиме да избега од правдата со тоа што ќе организира уште едни криминални избори!, им порача Наумов на граѓаните.

Граѓаните ги споделуваат своите размислувања и загриженост дека оваа власт целосно ја упропасти државата, а Груевски е единствениот човек во историјата на Македонија којшто е подготвен да ја одведе земјата во меѓународна изолација само за да си ја спаси сопствената кожа.

“Заедно со вас, граѓаните и целата слободоумна демократска јавност ќе се избориме за промените коишто незапирливо доаѓаат, а тие ќе се случат на слободни, фер и демократски избори со прочистен список и слободни медиуми!“ рече претседателот на Комисијата за финансии и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов, пред жителите од с.Чешиново.

 

 

Последни вести