Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, заедно со претседателката на Комисијата за земјоделство, Татјана Прентовиќ и членот на Централниот одбор на СДСМ, Зоран Китанов беа помеѓу жителите на Ново Село, Сушица, Колешино и Ново Коњарево.
Овие на власт, што сакаме да си одат што побрзо, ја доведоа државата да нема пари за плати и пензии и да мора кредити да зема. Па тие долгови и ние и нашите деца ќе ги враќаме, со овие зборови граѓаните на Ново Село ја изразија загриженоста за иднината.
Со одговорно и домаќинско работење, со посветена борба против криминалот и крупцијата владата на СДСМ парите ќе ги врати кон граѓаните, рече Ременски.
-Во првите 100 дена владата на СДСМ ќе донесе законска одредба со која 40% од просечната плата ќе изнесува паричната помош која ќе ја добиваат корисниците на државна социјална помош, додаде Ременски.
Претседателката на комисија за земјоделство, Татијана Прентовиќ, ги образложи мерките од програмата на СДСМ за земјоделците и развој на земјоделството.
-Зелена нафта, бенифициран стаж за земјоделците, зголемени субвенции на 160 милиони евра годишно, ревизија на државното земјоделско земјиште и негово доделување на вистинските земјоделци се само дел од мерките на СДСМ за подобрување на положбата на земјоделците, рече Прентовиќ.
На средбите се разговараше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.
Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Република Македонија, нагласи Ременски.
За 3 години во провладините медиуми завршиле 20 милиони евра, за за ширење на владините лаги и дефокусирање на јавноста од вистинските проблеми. Со 20 милиони евра многу проблеми на граѓаните можеа да се решат, рече Ременски.
Овие факти за корумпирање на медиумите се уште една потврда дека без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не е можен фер и регуларен предизборен и изборен процес, додаде потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски.