fbpx

Кирацовски во тетовско: Промените доаѓаат и запирање нема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Потпретседателот на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, придружуван од претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов и пратеникот Стојко Пауновски вчера оствари средби со граѓаните од населените места Ратае, Туденце, Јегуновце и Вратница.

Граѓаните ги претставија секојдневните проблеми, ги искажаа своите мислења за актуелната политичка ситуација и ги слушнаа решенијата од Програмата на СДСМ.

Сите со различна мака, но едногласни во незадоволството не го криеја својот револт од актуелната власт која ја посочија како директен виновник за тешката ситуација во која живеат. Поради невработеноста и тешкиот живот и овој крај се соочува со масовно иселување на младиот образовен кадар.

-Оваа забегана власт заборави на народот којшто живее овде, мислеше само на личното богатење. Опколени сме со беда и сиромаштија, а нашите деца за кои крај со крај врзуваме за да се образуваат, заминуваат од дома барајќи подобар живот. Оваа власт ги троши нашите пари на споменици, а ншите крашишта опустеа, се пожалија граѓаните.

Кирацовски ги запозна граѓаните со решенијата од програмата на СДСМ којашто се темели на 5 клучни столбови и ги објаснимерките за вработување и поттикнување на вработувањето пред се кај младите.

– СДСМ ќе обезбеди субвенционирање на млади претприемачи и нивна поддршка од правен, финансиски, просторен и консултативен аспект преку 16 бизнис инкубатори, рече Кирацовски.

Во делот на земјоделието, СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра.

Субвенциите ќе завршуваат кај вистинските земјоделци, а ќе се доделуваат навремено, кога им се најпотреби.

СДСМ сериозно ја разгледува можноста да субвенционира инсталирање на филтер станици кај големите загадувачи низ Македонија, вклучително и за Југохром Јагуновце.

Кирацовски уште еднаш пред граѓаните со кои се сретна го афирмираше ставот на СДСМ дека нема да учествува на уште еднинедемократски, криминални избори.

-Ако ја погледнете ситуацијата поврзана со избирачкиот список и медиумската сфера, апсолутно е јасно дека нема услови заодржување на фер и слободни избори на 24-ти Април, оваа година. 13 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во само три провладини телевизии. Тоа е најдиректна потврда дека медиумскиот мрак е платен со пари на граѓаните и дека Груевски не сака слободни медиуими затоа што нема да може да ги контролира, рече Кирацовски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Последни вести