Соопштение за јавност
И „Република“ како и „Курир“ молчи за милионските приходи.
На кој начин провладината „Република“ се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра?
Според официјалните документи на Централен регистар неделникот „Република“, во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварила приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години.
Како „Република“ остварила приход од над 1,1 милиони евра?
Ако се има предвид дека приходот на „Курир“ изнесува 1,3 милиони евра тогаш само овие два провладини медиуми оствариле приход од над 2,4 милиони евра!
Транспарентноста, непристрасноста и објективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.
Jавноста очекуваат одговори како „Република“ се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра?
Скопје, 27.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА