Соопштение за јавност
Никола Груевски сакал не сакал ќе даде отчет на граѓаните.
Граѓаните очекуваат Специјалното јавно обвинителство да ги разоткрие скандалите во коишто се вмешани највисоки функционери од власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе биде најискрениот отчет од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ досега.
Најново, Груевски треба да признае:
Како МВРО под негова команда и на соработничката Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немале право на глас, да гласаат?!
Како лица кои немале лична карта, ги има во Избирачкиот список?!
Како им биле издавани лични карти на лица кои немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште?!
И не се само фалсификат личните карти и изборните криминални за коишто Груевски и соработниците ги чека отчет.
Никола Груевски ќе мора да продолжи со објаснување на неговата Фабрика за криминал, од милионските парцели на Водно и становите на коишто е распослан, преку провизиските шеми што ги правел со братучедот Мијалков и задолжувањата што ги правел со кумот Ставрески, до дил ориентед бизнисите со Пешевски, па мерцедесите од 600.000 евра, плановите за семејства во ендек, рушењата милионски инвестиции, нарачките за пиштоли во усти…
Виртуелниот свет на Груевски е срушен.
Затоа Груевски го одложува Договорот од Пржино.
Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат трпение и затоа се во хистерична паника на конструкции со медиумската пропаганда.
Затоа Груевски не сака избори.
Назад нема.
Граѓаните на слободни избори ќе го стават Никола Груевски во историската меморија на Македонија.
Збогум Никола!
Скопје, 24.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА