Соопштение за јавноста
Грозно е што Никола Груевски жртвува бебиња за да го штити Никола Тодоров.
Во прилог е запрепастувачкиот податок од најновата студија Смртност на новороденчиња во Република Македонија, за којашто Груевски и Тодоров не зборуваат.
Според оваа студија на 24 страници објавена неодамна на конгрес во Охрид, во Македонија умираат повеќе од 14 бебиња на 1 000 новородени.
Студијата направена токму поради морбидните тенденции во земјава, покажува дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!
Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, умираат над 30 бебиња на 1.000 живородени!
За жал Берово е меѓу тие градови со голема смртност на новороденчиња, покажуваат истражувањата.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не признаваат ниту еден официјален податок.
Несовесно и безобразно е од страна на Никола Груевски да го праќа Никола Тодоров во градови со голема смртност на бебиња, со налог да зборува за невработеност.
Откако ги уништи образованието и здравството, Тодоров сега по задача на Груевски ја врти Македонија на тема економија.
Доаѓа крајот на тендер политиките на Груевски и Тодоров.
Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството.
Збогум Никола!
Скопје, 19.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА