Соопштение за јавноста
Никола Тодоров во Берово зборуваше за невработеност наместо за неговиот ресор здравство, зашто го гонат морбидни состојби.
Во Берово умираат повеќе од 22 бебиња на 1 000 живородени!
Берово е втор град во Македонија по смртност на новороденчиња!
Но, Тодоров не им објасни на беровските семејства зошто им умираат бебиња во 21 век.
Бидејки смртноста на бебиња во земјава е најголема во општините во коишто недостигаат матични гинеколози и гинеколошки установи, Тодоров мораше да каже зошто ова му се случува на Берово?!
Никола Тодоров во Берово без срам зборуваше за стапка на невработеност, додека фрапантно расте стапката на смртност на новороденчиња во Македонија.
Пред Берово е Дојран каде умираат над 30 бебиња на 1 000 живородени.
По Берово е Гевгелија каде умираат 19 бебиња на 1 000 живородени.
Црните статистики покажуваат дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!
Тодоров мора да замине!
Граѓаните на Берово, на Дојран, Гевгелија, граѓаните на Македонија ќе ги казнат тендерските политики на Тодоров и Груевски.
Збогум Никола!
Скопје, 19.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА