fbpx

ВМРО-ДПМНЕ признава дека се затвораат фабрики и луѓе остануваат без работа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение признава дека се затвораат фабрики и луѓе остануваат без работа.

ВМРО-ДПМНЕ признава дека фабриката “Улак амбалаж“ во Берово се затвори и 50 вработени остануваат на улица без работа.

ВМРО-ДПМНЕ признава дека странските ивестиции на Груевски се ВИРТУЕЛНИ, лажни инвестиции.

Македонија е последна во регионот и Европа по странски инвестиции поради „дил ориентед“ политиките на Никола Груевски.

Постојано расте бројот на граѓани коишто сакаат да ја напуштат земјата во потрага по достоинствени услови за живот.

Работници на улица, затворени фабрики и празни домови, ете тоа е реалноста додека Никола Груевски 10 години мислеше на бизнисите на фамилијата, на матните зделки на братуедот Сашо Мијалков и тендерите за споменици вредни 630 милиони евра.

Крајот на криминалот и корупцијата што изедоа многу работни места доаѓа на 24-ти април.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

Скопје, 16.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести