fbpx

Итни мерки и оставка од Коце наместо празни зборови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Состојбата со загадувањето на воздухот од ден на ден станува се поалармантна и позагрижувачка а ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски редат празни зборови за пред години.

Граѓаните на Македонија буквално се гушат од загаден воздух со огромни концентрации на канцерогени ПМ 10 честички.

Подолг временски период граѓаните дишат по 10 па дури и 20 пати позагаден воздух од дозволеното.

Цели 10 години Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ништо не преземаа за да се подобри квалитетот на воздухот а потрошија 630 милиони евра за споменици.

Но затоа Никола Груевски и неговиот извршител Коце Трајановски константно го уништуваат зеленилото во главниот град, на штета на здравјето на граѓаните.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Граѓаните со право се загрижени за своето здравје и со целосно право бараат преземање на итни мерки за намалување на загадувањето.

Наместо празни зборови, потребно е итно да се преземат мерки, за граѓаните да почувствуваат намалување на загадувањето. Коце Трајановски веднаш треба да си поднесе оставка.

На 24-ти април доаѓа големо пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 16.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести