fbpx

Хаос може да биде второто име на Никола Тодоров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Безуспешно ВМРО-ДПМНЕ се труди да одбрани нешто што не се брани.

Никола Тодоров е еден од најнеспособните министри.

Миленичето на Никола Груевски, Никола Тодоров, каде и да оди создава хаос. Хаос може да биде второ име, синоним за Никола Тодоров.

Но, во виртуелниот свет на Никола Груевски има други, квази критериуми.

Затоа Никола Тодоров не понесе одговорност за ниеден скандал во здравството во изминатиот период. Како што и самиот призна – за хаосот не чувствува ниту морална одговорност.

За време на мандатот на Никола Тодоров умираат родилки и бебиња поради недостиг на матични гинеколози и амбуланти а смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња.

Во колапсот на здравствениот систем: се пука во лекари, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, болниците се руина.

Дури 200 лекари годишно заминуваат од Македонија.

По 24-ти април следува чистење на сите валкани политики на Никола Груевски кои го загрозија најскапото нешто – здравјето на граѓаните.

Збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!

 

Скопје, 05.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести