Соопштение за јавност
Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ и коалицијата „Можеме“ Никола Димитров, кој на вечерашната граѓанска трибина во општината Аеродром, зборуваше заедно со ко-носителката Мила Царовска и новинарот Кежаровски, се осврна на историските постигнувања што беа направени од владата на СДСМ за помалку од 3 години, а тоа е реализирањето на двете долгогодишни стратешки цели.
Три децении слушаме НАТО и ЕУ. Доста чекавме, 27 години поминаа. Кога ние ја преземавме оваа должност, ова беше речиси неопипливо. Не се ни гледаше, не се ни ѕиркаше.
За две и пол години па и помалку, направивме неверојатен пресврт и ние сме сега дел од најмоќната одбранбена Алијанса на светот, што носи предвидливост, стабилност, да не се прашуваме што ќе биде со нас и нашите граници – НАТО. Таа предвидливост носи големите компании и странски инвестиции и ни го подобрува и кредитниот рејтинг – рече Димитров од трибината.
Формалното зачленување во НАТО се случи на 27 март годинава, не можевме вистински да се израдуваме на тој ден, ама години и децении тоа ќе го чувствуваме: стабилност, на некој начин темелот, столбовите и покривот на нашата заедничка куќа го изградивме и е многу цврст. Не се фасади од стиропор што се рони, како оној на опозицијата.
ЕУ – извештаи, земја кандидат од 2005 год. Сите ветуваа, но на 26 март 2020 год. сите земји членки на ЕУ едногласно и безусловно одлучија дека треба да почнеме пристапни преговори со ЕУ. Не само што покажавме дека можеме, туку направиме чудо со остварувањето на двете најважни стратешки цели, зашто беше незамисливо. – рече Димитров.